• понеделник, 29 април 2024

Борел го поздрави резултатот од гласањето во Претставничкиот дом на САД за пакетот воена помош

Борел го поздрави резултатот од гласањето во Претставничкиот дом на САД за пакетот воена помош

Брисел, 21 април 2024 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел го поздрави резултатот од синоќешното гласање во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за предлог-законот за помош на Украина, Израел и индо-пацифичкиот регион.

„Го поздравувам резултатот од денешното гласање во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Украина ќе ја има трансатлантската поддршка што и е потребна за да се спротивстави на руската агресија“, објави Борел на платформата Икс.

Двопартиското мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои предлог-закон со кој на Украина, Израел и сојузниците на САД во Индо-пацифичкиот регион им обезбедуваат дополнителни средства во износ од вкупно 95 милијарди долари. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан