• среда, 29 мај 2024

Нетанјаху: Гласањето во американскиот Конгрес е поддршка за Израел и одбрана на западната цивилизација

Нетанјаху: Гласањето во американскиот Конгрес е поддршка за Израел и одбрана на западната цивилизација

Тел Авив, 21 април 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа ја поздрави одлуката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес да го одобри пакетот странска воена помош, од кои 26,38 милијарди долари ќе бидат наменети за Израел.

Нетанјаху рече дека синоќешното гласање на демократите и републиканците покажало „силна двопартиска поддршка за Израел и одбраната на западната цивилизација“.

„Ви благодарам пријатели, ви благодарам Америка“, рече Нетанјаху, објави „Тајмс оф Израел“.

Двопартиското мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа усвои предлог-закон со кој на Украина, Израел и американските сојузници во Индо-пацифичкиот регион им се обезбедуваат дополнителни финансиски средства во износ од вкупно 95 милијарди долари.

Сега останува за тоа да се изјасни американскиот Сенат, за законот да стапи во сила. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан