• петок, 20 декември 2024

Митева: Сто милиони евра во време на Ковид со СДС завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ

Митева: Сто милиони евра во време на Ковид со СДС завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ

Скопје, 1 август 2024 

Почитувани граѓани,

Почитувани медиуми,

100 милиони евра за наводна помош на компаниите, но никој не знае за што, како и кај кого завршиле овие пари е само уште еден доказ за Ограбена држава.

Според власта на СДС и ДУИ, уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор требаше да биде е погодна за 87 отсто од компаниите. Но каде завршуваа парите. Најверојатно се мислеше на ИГМ Еленица која беше едно од претпријатијата добитник на државна помош за исплата на минимални плати за време на кризата предизвикана од корона вирусот.  Со акционерското друштво управува Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, додека Вице Заев, братот на тогаш актуелниот претседател беше Член на Управниот одбор. Вака завршуваа парите од т.н државна помош.

Дополнително, дека мерките не вродија со плод говори и фактот на бројот затворени фирми во пост ковид годините, 2021 и 2022 година. За овие две години вкупно се затвориле близу 14.000 фирми.

Па тука сосема логично се поставува прашањето, каде завршија 100 милиони евра државна помош за компаниите ако имаме вакви статистики и бројки кои го покажуваат спротивното? СДС и ДУИ манипулирајќи на овој начин со години ја трошеа државната каса за свои приватни цели. Суровоста на математиката го потврдува тоа, а фактите се следни: наместо за народот, парите завршуваа кај фирми блиски до власта на СДС и ДУИ.

За ова одговорност мора да има!

 

Со почит, 

Прес-конференција на Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: принт скрин 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан