• недела, 28 април 2024

Мисајловски: На 24 април заокружете го бројот 2 за Силјановска Давкова за заедно да пишуваме позитивна историја за Македонија

Мисајловски: На 24 април заокружете го бројот 2 за Силјановска Давкова за заедно да пишуваме позитивна историја за Македонија

Скопје, 13 април 2024

Деновиве бев во посета на повеќе населени места, видов што се сѐ прави овде во Бутел, што прави градоначалникот Дарко Костовски. Разговарав со младите, со спортисти, со пензионерите. Сите од нив речиси едногласно велеа дека сакаат претседател на Македонија како нашата кандидатка професорката Гордана Силјановска Давкова, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја води листата на кандидати во изборна единица 2 на вечерашниот митинг во општина Бутел.

Мисајловски посочи дека поддршката за Силајновска Давкова значи дека  прават разлика, дека таа е поразлична од Бујар Османи, Стево Пендаровски и оние кои ја претставуваат Македонија.  
„Силјановска Давкова го крева гласот против неправдите, таа е жена која го почитува правото. Гордана Силјановска Давкова, што е многу важно, ќе ја претставува Македонија, и дома, и во светот, на најдобар можен начин. Тоа значи дека Македонија и нејзините граѓани ќе бидат почитувани и горди! Сите ќе бидат со исправена глава“, вели Мисајловски.

Мисајловски посочи дека по 24 април ќе биде многу поинаку од она до сега.

„Ќе биде поинаку од оној беден однос на оние кои до сега ја претставуваа државата, како Стево Пендаровски, Бујар Османи и други како нив. Нивниот однос беше мизерен и кон граѓаните, и кон државата“, кажа Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски посочи дека Македонија и граѓаните ги живеат можеби најтешките мигови.

„Но со самата поддршка за Силјановска Давкова ќе започнат промените. Вие, сте енергијата поради која ние заедно со Силјановска Давкова правиме промени за подобра горда Македонија. Едноставно е - вие сте тие кои одлучувате, каде ќе оди Македонија“, вели Мисајловски.

Мисајловски повика на масовна поддршка за професорката.

„На 24 април има една опција заокружете го бројот 2, заокружете за дамата Гордана Силјановска Давкова Со добра енергија да пишуваме позитивна историја за Македонија. Потребна е мобилизација и огромна поддршка од вас“, кажа Мисајловски.

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан