• сабота, 18 мај 2024

МИОА ќе презентира нова Стратегија за реформа на јавната администрација

МИОА ќе презентира нова Стратегија за реформа на јавната администрација

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Нова Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 - 2030) ќе презентира денеска Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка СИГМА.

Стратегијата ќе биде промовирана на настан „Современа, ефикасна и дигитализирана Јавна Администрација: Визија 2030. Испорака на поквалитетни јавни услуги за граѓаните и приватниот сектор“. 

Најавени се обраќања на министерот за информатичко општество и администрација и на премиерот Димитар Ковачевски (преку конференциска врска, како и евроамбасадорот Дејвид Гир,  Грегор Варант, шеф на програмата СИГМА, ОЕЦД и Маја Ханџиска Трендафилова Директор на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА)

Ќе бидат презентирани процесот на изработка и механизмите за нејзина  примена и следење, како и клучните цели и приоритети до 2030 година по приоритетни области.лв/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан