• четврток, 16 мај 2024

Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за средбите со Италија и Англија

Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за средбите со Италија и Англија

Скопје, 9 ноември 2023 (МИА) - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари за Европското првенство 2024 против Италија и Англија.

На списокот на Милевски се наоѓаат следните 25 фудбалери: 

голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски

одбрана: Висар Муслиу, Тодор Тодоровски, Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Ахмет Иљазовски и Стефан Ашковски

среден ред: Енис Барди, Тихомир Костадинов, Аријан Адеми, Јани Атанасов, Агон Елези, Давид Бабунски, и Исник Алими

напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Елиф Елмас, Ердон Даци, Александар Трајковски и Димитар Митровски.

Натпреварот со Италија е закажан за 17 ноември во Рим, три дена подоцна во Скопје доаѓа Англија. зс/

 

Остани поврзан