• сабота, 27 јули 2024

Јувентус ќе игра против Милан во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп

Јувентус ќе игра против Милан во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп

Рим, 16 мај 2024 (МИА) - Одредени двојките за полуфиналето во Суперкупот на Италија.

Вчера Јувентус го освои националниот куп, победувајќи ја Аталанта во финалето на турнирот (1:0).

Во полуфиналето на Суперкупот торинскиот клуб ќе се сретне со второпласираниот од Серија А, тимот на Милан. 

Втората двојка ја сочинуваат Аталанта и шампионот Интер.

Суперкупот ќе се игра во Саудиска Арабија во јануари 2025 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан