• петок, 05 декември 2025

Работнички донесе бразилско засилување

Работнички донесе бразилско засилување

 

Скопје, 16 јуни 2025 (МИА) – Бразилецот Калани Алмеида потпиша денеска двегодишен договор со македонскиот фудбалски прволигаш Работнички.

Како што се наведува во клупското соопштение, станува збор за 23-годишен офанзивен фудбалер, кој доаѓа од Словенија каде настапуваше за Горица и за Томлин.

Кариерата ја почна во младинскиот тим на Атлетико-МГ, а потоа во својата родна земја настапуваше и за Ботафого-ПБ и Маринга.

Работнички измината сезона во Првата македонска фудбалска лига го освои третото место и избори настап во квалификациите за Конференцијата лига на УЕФА.

За Работнички ова е враќање на европската сцена по пауза од седум години. ег

ФОТО: ФК Работнички/Фејсбук

Остани поврзан