• петок, 05 декември 2025

Џеко во Фиорентина

Џеко во Фиорентина

 

Фиренца, 16 јуни 2025 (МИА) – Најдобриот голгетер во историјата на Босна и Херцеговина, Един Џеко е нов играч на Фиорентина, објави попладнево добро информираниот познавач на трансфер пазарот Фабрицио Романо.

Според италијанскиот новинар, Фиорентина и Џеко се договориле околу сите детали, а станува збор за едногодишен договор со опција за продолжување до јуни 2027 година.

Џеко би требало да заработува меѓу 1,5 и 1,8 милиони евра по сезона.

Триесетидеветгодишниот Џеко минатата сезона го носеше дресот на турскиот тим Фенербахче, а договорот со Фиорентина е негово враќање во Серија А, каде претходно настапуваше за Рома и Интер.

Романо исто така наведува дека како дел од проектот на Фиорентина за сезоната 2025/2026, следниот чекор е доведување на Стефано Пиоли на клупата, што наскоро треба да биде официјално потврдено. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан