• четврток, 21 ноември 2024

Алегри го собори рекордот на Манчини во „Копа Италија“

Алегри го собори рекордот на Манчини во „Копа Италија“

Рим, 16 мај 2024 (МИА) – Масимилијано Алегри стана најтрофејниот тренер во историјата на националниот куп. Јувентус синоќа ја победи Аталанта во финалето на Купот на Италија со 1:0. Средбата се одржа на стадионот „Олимпико“ во Рим. 

Во ова натпреварување Алегри има пет трофеи. Тој ги надмина Роберто Манчини и Свен-Горан Ериксон, кои имаат по четири куп-титули.

Договорот на тренерот со Јувентус е до 2025 година, но неизвесно е дали тој ќе го води тимот и следната сезона.

Јувентус е рекордер во Купот на Италија со 15 трофеи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан