• четврток, 13 јуни 2024

Милан има нов тренер

Милан има нов тренер

Милано, 13 јуни 2024 (МИА) - Пауло Фонсека и официјално е нов тренер на италијанскиот гигант Милан. Договорот на 51-годишниот стручњак е на три години.

Тренерот роден во Мозамбик, кој има и португалско државјанство, неодамна го водеше францускиот Лил. Тој го наследува на позицијатаСтефано Пиоли.

Фонсека веќе има искуство во италијанскиот фудбал. Во периодот 2019-2021 година беше на чело на Рома, а претходно три години беше тренер на Шахтјор Доњецк.

Тренерската кариера на Фонсека минува и преку Брага, Пакош Фереира, Порто и Алавес. дс

Фото: Архива

Остани поврзан