
27 март 2023
-Османи - Џачка: Реална и дофатлива можност за полноправно членство во ЕУ е 2030 година
Повторно заеднички успешно минуваме низ скрининг процесот, ги спроведуваме внатрешните реформи и одлучно чекориме кон полноправно членство во ЕУ. 2030 е реална и дофатлива можност за Северна Македонија и Албанија успешно да го заокружиме овој процес и јас лично верувам во тоа, нагласи денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес-конференција со неговата албанска колешка Ољта Џачка.
Костадиновска-Стојчевска: Да продолжиме да ја користиме моќта на театарот за да создадеме подобар свет
-Театарските приказни имаат моќ да ги движат срцата и умовите, да инспирираат промени и да ги урнат бариерите. Денес ја славиме моќта на театарот кој сите нас нè поврзува, инспирира и предизвикува да го видиме светот со поинакви очи. Токму македонските актери се тие кои од прва рака го знаат влијанието што театарот може да го има врз поединците и општеството во целина, напиша на Фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска по повод 27 Март - Светски ден на театарот.
-ДЗС: Намален бројот на доктори на науки и на магистри во 2022 во споредба со претходната година
Звање доктор на науки минатата 2022 година стекнале 197 лица, што е намалување за 2 процента во споредба со 2021 година.
-Судењето против Латас и Лазаров се одложи за 10 мај
Судењето против новинарот Драган Павловиќ Латас и инфлуенсерот Стефан Лазаров, обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ се одложи за 10 мај, откако одбраната на првообвинетиот, поради обврски со друг предмет од организиран криминал и корупција и барање за увид во списите денеска побара одложување на процесот.
-На автопатот Тетово - Скопје удрена и усмртена мечка
Тетовската полиција информира дека 21-годишен возач со својот автомобил удрил и усмртил мечка и притоа е повреден.
-Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден до 1,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто.
-Сакеларопулу: Не го менуваме ставот за независноста на Косово, ЛНГ терминалот во Александропулос битен за регионот
Ставот на Грција, една од ретките членки на ЕУ што не ја призна еднострано прогласената независност на Косово, останува ист. Во исто време, Грција, покрај добро познатиот став за статусот на Косово и верна на нејзината политика на Западен Балкан, следи прагматичен и конструктивен пристап во однос на Косово, кој има за цел зајакнување на стабилноста и безбедноста, како и севкупен исчекор кон ЕУ интеграција на целиот регион, што и е наша стратешка цел, изјави Сакеларопулу.
-Пелеши: Сателитите „Албанија 1" и „Албанија 2" испорачуваат слики четири пати неделно
Откако ќе ја изградиме процедурата, можеме да сателитите да ги отвориме за користење на заинтересирани приватни инвеститори. Најмалку четири дена во неделата добиваме слики што ги обработува Агенцијата за геопросторни информации, посочи тој Пелеши.
-Салвини за новиот прилив на мигранти: Италија е нападната
Италијанскиот министер за транспорт и инфраструктура, Матео Салвини денеска изјави дека Италија е нападната.
-Сирски: Најинтензивна фаза од битката за Бахмут
Командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Александар Сирски изјави дека најинтензивната фаза од битката за Бахмут продолжува и дека ситуацијата е константно тешка.
-Владата на Нетанјаху „преживеа“ две гласања за доверба
Религиозно-националистичката коалициска влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „преживеа“ денеска две гласања за доверба, кои беа иницирани од опозицијата во знак на протест поради планот за реформи во правосудството и масовните протести на граѓаните.
-Ирачкиот Парламент ги усвои спорните амандмани на изборниот закон
Парламентот на Ирак утрово ги усвои спорните амандмани на изборниот закон што може да ги поткопа шансите на помалите партии и независните кандидати да освојат пратенички места на идните избори.