21 мај 2025
Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска истакна дека усвоените измени на Законот за надворешни работи се суштински чекор за професионализација на дипломатијата и подобрување на условите за македонските дипломати во странство.
Собранието вчера ги усвои измените на Законот за надворешни работи, предложени од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Муцунски денеска во објава на Фејебсук нагласи дека со измените се воспоставува јасна законска рамка за професионализација на дипломатската служба и воспоставување на надлежностите на Министерството во областа на надворешната трговија и инвестициите.
Скопје - Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска присуствуваше на меѓународната европска конференција во државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, информираа од Министерството.
Пред претставниците од европските земји, таа потенцирала дека целта на владините политики е овие деца полесно и побезболно да се интегрираат во системот и да ги реализираат нивните способности на најдобар можен начин.
-Треба да создадеме простор за да може потенцијалот на децата со посебни образовни потреби да дојде до целосен израз. Како Влада работиме посветено на создавање предуслови за развој на сите деца, промовирајќи го концептот на интегрирано образование. Го застапуваме принципот-еднакви можности за сите и еднаков пристап до образование за сите. Ги подобруваме законските решенија за сите степени на образование и со тоа создаваме основа за генерации чие знаење ќе се темели на квалитет, а не на квантитет, порачала заменик-министерката Трајков.
Таа се осврна на патот кон ЕУ и порача дека Македонија нема друга алтернатива, само со европските вредности земјата може да оди напред.
-Работиме на промоција и вградување на овие вредности во нашите политики во име на подобро утре за сите граѓани. И ако не создадеме услови за нивно доследно почитување, нема да успееме во нашата мисија за создавање на еднакво општество за сите, порачала заменик-министерката Трајков.
На настанот, присуствувале 40 експерти и претставници од повеќе европски земји, кои разменија продуктивни идеи како да се подобри процесот на образование во нашата земја.
Скопје - Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат претреси на пет локации во Скопје.
Акцијата, како што информираат од ЈОРСМ е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“. Со повеќе информации обвинителството ќе излезе во текот на денот.
Скопје - Поради потреби на МВР, од 09:15 часот во целосен прекин е сообраќајот на експресниот пат Штип, од крстосница кај село Крупиште до крстосница кај село Спанчево, соопшти АМСМ.
Сообраќајот ќе биде пренасочен по стариот пат.
Скопје - Во ресенското село Јанковец вчера во 01:10 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен го лишиле од слобода М.Е.(35) од село Радолишта, струшко.
МВР денеска соопшти дека при сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Скопје - Во свет каде сè поголем број парови се соочуваат со предизвиците на неплодноста, Newlife IVF Greece нуди надеж и нови можности за создавање семејство. Со врвни технологии и индивидуален пристап кон секој пациент, оваа клиника во Солун е посветена на обезбедување на најсовремените третмани за плодност.
Македонските лекари исто така имаа можност одблиску да се запознаат со работата на клиниката на настан одржан во Скопје, каде беа информирани за најновите достигнувања во областа на репродуктивните технологии.
Атина – Меѓународните и регионалните случувања, приоритетите на Грција за време на нејзиниот мандат во Советот за безбедност на ОН, но и кипарското прашање биле во фокусот на средбата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Њујорк, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што информираа од кабинетот на Мицотакис, акцентот бил ставен на ситуацијата во Газа, како и случувањата во Сирија и Либан, а грчкиот премиер нагласил дека е неопходно итно прекинување на огнот во Газа, заштита на цивилите и преземање иницијативи во оваа насока.
Сараево – Стејт департментот донесе одлука за одобрување на можна продажба на хеликоптери AW-119Kx и придружна опрема на Босна и Херцеговина за проценета цена од 100 милиони долари.
Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка го издаде потребниот сертификат со кој го извести Конгресот за оваа можна продажба, објавено е на веб-страницата на Стејт департментот.
Подгорица – Црна Гора денеска го одбележува Денот на независноста и 19 години откако на референдум ја обнови својата државна самостојност, јави Мина. На референдумот одржан на 21 мај 2006 година, гласаа 419.240 граѓани, или 86,5 отсто од вкупниот број гласачи.
Независноста на државата ја поддржаа 230.661, или 55,5 отсто од граѓаните на Црна Гора кои излегоа на референдумот, додека за останување во заедничка држава со Србија гласаа 185.002 или 44,5 отсто.
Хаг - НАТО бара од Холандија да издвои дополнителни 16 до 19 милијарди евра за одбраната, што би претставувало вкупно 3,5 проценти од бруто-домашниот производ (БДП) на земјата, изјави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс во обраќањето пред Парламентот.
Алијансата смета дека е потребно значително зголемување на воените трошоци за зачувување на колективната безбедност, објави Ен-Ел Тајмс.
Воените експерти на НАТО пресметале што и е потребно на секоја земја-членка за да придонесе за одбраната на Алијансата, особено поради ситуацијата со Русија.
Рим – Во голема операција на италијанските карабинери, спроведена по налог на Обвинителството за борба против мафијата (ДДА) од Реџо ди Калабрија, уапсени се 97 осомничени.
Акцијата се спроведува на подрачјето на Реџо ди Калабрија, но и во други градови низ Италија, а се апсат некои од најважните кланови на мафијата Ндрангета, пренесе Анса.
Осомничените се товарат за различни кривични дела, вклучувајќи припадност на мафијашка организација, помагање мафија, здружување со цел меѓународна трговија со дрога, поседување и продажба на наркотици, изнуда, киднапирање заради изнуда, мафијашки политички изборен договор, како и поседување и носење оружје.
Рим – Италијанските и албанските власти уапсија 52 лица во координирана операција насочена против трговија со кокаин и хероин меѓу Балканот, Северна Европа и јужниот италијански регион Пуља, јави новинската агенција Анса.
Полицијата во денешната акција запленила имот вреден милиони евра, а осомничените се соочуваат со обвиненија за меѓународна трговија со дрога, перење пари и злоупотреба на службена положба, се вели во извештајот.
Хофдорп - Повеќе лица се повредени во напад што се случи утрово во Холандија, јавија локалните медиуми.
Итните служби интервенирале кусо пред 6 часот наутро на улицата „Фани Бланкерс-Коенлан“ во градот Хофдорп, откако бил пријавен напад. Еден полицаец е пренесен во болница, а на полициското возило била забележана крв.
Брисел - Најстарата високообразовна институција во Белгија, Католичкиот универзитет во Лувен (КУЛ) за свој нов ректор ја избра Сејверине Вермере. Со ова, Вермеир стана првата жена на чело на овој највисоко рангиран универзитет во Белгија во неговата 600-годишна историја.
Вермере беше избрана за ректорка во вториот круг на гласање со освоени 51,9 отсто од гласовите. Противкандидат за функцијата и беше исто така жена - Тине Белманс. Инаку, во првиот круг на гласање, одржан минатата недела, Вермере и Белманс освоија повеќе гласови од единствениот маж во трката за ректор на КУЛ.
Берлин – Претседателот на САД, Доналд Трамп, погрешно го проценил своето влијание врз рускиот претседател Владимир Путин, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
- Претпоставувам дека тој погрешно ја проценил својата преговарачка позиција, изјави Писториус за германското радио ДЛФ, коментирајќи ја иницијативата на Трамп да го убеди Путин да прифати безусловно 30-дневно примирје во Украина.
Москва – Рускиот претседател Владимир Путин ја посети Курската област за прв пат откако минатиот месец руските сили ги потиснаа украинските војници од регионот, пренесоа светските агенции.
Кремљ соопшти дека за време на вчерашната посета, Путин се сретнал со доброволни организации и ја посетил нуклеарната централа „Курск II“ која е во фаза на изградба. Рускиот претседател не ја посетил граничната област со Украина од првата половина на март.