• недела, 28 април 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

12 јануари 2024

Скопје - Премиерот на Ирска, Лео Варадкар во официјална посета на Република Северна Македонија.

- Средба со премиерот Димитар Ковачевски. 

- Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе го прими ирскиот премиер Лео Варадкар. (Кабинет на претседателот, фоторепортери и сниматели/15:30)

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе ја посети Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. (изјава за медиуми/10:00)

Неготино - Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир на средба со градоначалникот на Неготино Горан Стојанов, со членовите на Советот на општината и со претставници на граѓанските организации. (изјави за медиумите на градоначалникот Стојанов и амбасадорот Гир пред зградата на општина Неготино/ 12:00)

Скопје - Делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, предводена од директорот на генералштабот, бригаден генерал Симеон Трајковски, од кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, од Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, прва пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници ќе положат венци на спомен обележјето кај катлановско Блаце по повод 16 години од хеликоптерската несреќа.(катлановско Блаце/12:00)

Скопје - Транспаренси Интернешнл - Македонија ќе ги презентира резултатите од Националниот систем на интегритет на Република Северна Македонија. ( х. Холидеј Ин/10:30)

Тетово - Претставници на ДУИ ќе посетат „МОТО ЕРЏУН" (до АУТО ЧАЈКА). (изјава за медиумите/13:00)

Скопје - Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2024. (Национална опера и балет /20:00)

Скопје - Промоција на романот „Среќните луѓе не слават родендени“ од Сашо Кокаланов. (бифе на ФДУ/19:00)

Вевчани - Вевчански карневал - настап на Dj Ampov (19:00), Younge Daddy (20:00), Игор Џамбазов со Гуру Харе бенд (21:00) и Нокаут. (23:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан