• петок, 22 ноември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 28 април 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа во 0:40 часот на локалниот пат кај Горно Нерези го лишиле од слобода Б.Т.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 23:45 часот ги лишиле од слобода И.Л.(42) и Р.А.(42), и двајцата од Кавадарци, по претходна пријава од Г.М.(37) од Кавадарци дека во неговата перална во Кавадарци со метален предмет оштетиле брави, електронски читачи и катанец на сандачиња и од нив одзеле 2.250 денари во разни апоени. Парите се пронајдени и ќе му бидат вратени на сопственикот, а И.Л. и Р.А. биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Вчера во 20:45 часот во село Сиричино, Општина Jегуновце, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце лишен е од слобода И.Т.(33) од Тетово, бидејќи кај него е пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 22:30 часот на подрачјето на Чаир, го лишиле од слобода С.М.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Попова Шапка вчера околу 17:00 часот на регионалниот пат Попова Шапка-Тетово поточно на „Шипковачка кривина“ затекнале четири лица без документи за идентификација. Според нивно кажување станува збор за Х.О.(21), А.М.(21), М.Н.(27) и Ј.С.(24), сите од Палестина. Со нив бил извршен службен разговор и било констатирано дека во државата влегле на илегален начин, со цел потоа да преминат во Косово. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Тетово, по што ќе бидат пренесени во Прифатниот центар Табановце.  

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце вчера во 20:00 часот го привеле З.Л.(36) од Албанија, затоа што при извршена пасошка контрола приложил патна исправа на друго лице кое било негов другар. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.  

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 52 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за управување под дејство на алкохол...

Во СВР Скопје вчера во 15.:30 часот било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од Б.А.(29) од Скопје и мопед „хамачи“, управуван од И.Б.(45) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Во СВР Битола вчера во 9:13 часот било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола, патничко возило „лада“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(51) удрило во пешакот Ј.С.(73), двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

Во Полициско одделение Македонска Каменица вчера во 21:32 часот било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Церска“ со ул.„Тапеѓовска“ во Македонска Каменица, патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(19) од Крива Паланка, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Македонска Каменица и Д.Ц.(18) од Крива Паланка, а со телесни повреди се здобиле уште еден малолетен сопатник и М.Д.(19), двајцата од Крива Паланка, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

Н.Н.(47) од Скопје вчера во 10:50 часот во Полициската станица Кисела Вода пријавил дека на ул.„Востаничка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во 17:30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул.„Србија“ во Скопје мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Ф.(40) од Скопје, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклист, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Р.С.(20) од Скопје вчера во 13:20 часот во Полициската станица Аеродром пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје била касната од куче скитник.

Во СВР Скопје вчера во 17:30 часот било пријавено дека на локалниот пат село Глумово, скопско кон село Сарај, скопско, четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Глумово, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Скопје, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

М.М.(30) од Скопје вчера во 23:10 часот во Полициската станица Чаир пријавила дека на ул.„Призренска“ во Скопје била касната од куче скитник.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан