• четврток, 02 мај 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

8 април 2024

Скопје – Техничкиот премиер Талат Џафери, претставници на домашни и меѓународни институции, како и значајни гости ќе присуствуваат на отворањето на изложбата за животот и кариерата на Паоло Роси и за легендите на меѓународниот фудбал. (Мултимедијален центар Мала станица/ 11:00)

Штип – Министерката за одбрана Славјанка Петровска во Штип ќе ја посети компанијата „Актива“ која од крајот на февруари е внесена во евиденцијата на економски оператори од Северна Македонија кои можат да учествуваат на тендерите на НАТО. (медиумските екипи да пристигнат на влезот на компанијата „Актива“, ул. „Гоце Делчев“ 209/ 10:50)

Велес - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе изврши увид во реконструкција на локални улици во општина Велес. (Изјава за медиуми во 11:00 часот на улица „8 Март“)

Охрид – Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ќе оствари работна посета на СВР Охрид, Езерска полиција и ГП „Свети Наум“. (11:30, изјава за медиумите е предвидена пред СВР Охрид/ 12:00)

Скопје – Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија поддржан од Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест. (пред Работнички дом (ССМ) па се до Министерство за здравство/ 9:00)

Скопје – Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита д-р Љубиша Каранфиловски и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов ќе дадат изјави за медиуми. (пред Министерството за здравство/ 10:30)

Скопје – Независен медицински синдикат по повод Ден на здравјето ќе одржи протест. (пред Министерството за здравство, пред Здравствен дом: Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Битола, Струмица, Велес, Свети Николе и Клиничка болница Тетово и Битола, Општа болница со проширена надлежност Прилеп, Општа болница Струмица, Општа болница „Д-р Ферид Мурат“  во Гостивар, Општа болница Струга, Општа болница Велес и други ЈЗУ. (10:00)

Штип – По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите ќе бидат доделени ваучери на најдобрите ученици и студенти. (во зградата на Општина Штип)

Струмица – „Не е до нив, до тебе е“ – моќна кампања која ќе патува низ повеќе градови во Македонија. (Градски парк во Струмица/ 18:30)

Скопје – Прес-конференција на Демократи. (во просториите на Демократи, ул. „Борис Трајковски“ бр. 24/1/2, Кисела Вода, Стара Рампа/ 13:00)

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Скопје – Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски на митинг во Кисела Вода и во Аеродром. (пред сала „Расадник“/ 18:30 и во Аеродром, парк „Јане Сандански“/ 20:00)

Новаци/Демир Хисар/Битола – Кандидатот за претседател од  ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата во Новаци (17:00), Демир Хисар (18:30) и во Битола (20:30)

По повод претседателската кампања „Македонија повторно горда“ ќе бидат дадени следните изјави за медиуми:

- Драган Ковачки во 09:45 часот на плоштад во Општина Зрновци;

- Ѓорѓија Сајкоски во 13:00 часот,  увид на градежни активности Тумбе кафе - Смолево во Општина Битола;

- Дафина Стојаноска во 11:30 часот на автопат Гостивар - Тетово (на наплатната станица Гостивар);

- Владо Мисајловски во 11:30 часот во Општина Бутел.

Скопје – Кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт, Бујар Османи, ќе одржи панел дискусија на тема: Еднаквост, консензуалност и социјална кохезија. (локал Алберто Лоунге (Alberto Lounge), ул. „Индира Ганди“, Шуто Оризари/ 11:00, по панелот следува прес-конференција/ 12:00)

Скопје – Кандидатот за претседател на ВРЕДИ, Арбен Таравари ќе одржи прес-конференција. (во Централната канцеларија на ВРЕДИ на плоштадот „Скендербег“/ 13:00)

Тетово - Кандидатот за претседател на коалицијата Вреди Арбен Таравари и претседателот на Движењето БЕСА Билал Касами на средба со ромската заедница. (Сала на Советот на општина - Тетово/17:00)

Охрид/Дебрца/Велмеј/Лешани - Кандидатот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата под наслов „Манифест за Македонија“. (Средби со граѓани на Охридскиот кеј, низ охридската чаршија и градскиот пазар (11:00), изјава на денот, лајв стрим на ФБ страната Maksim Dimitrievski (12:30), пристигнување во Дебрца (13:00), посета на неколку домаќинства во село Велмеј (13:00) и посета на неколку домаќинства во село Лешани (13:30)

Богданци/Гевгелија – Билјана Ванковска, кандидат за претседател од Левица ја продолжува претседателската кампања со средби со граѓани во Богданци (18:00) и во Гевгелија (19:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан