• четврток, 25 април 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

7 ноември 2023 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Собрание, Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Собрание, Сала 4/13:00)

Скопје - Консултативна средба со Канцеларијата на Советот на Европа. (Собрание, Сала 6/12:00)

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши ќе ја посетат компанијата Пивара Скопје. (10:00

Скопје - Трета седница на работната група за спроведување реформи во изборното законодавство на која ќе присуствува министерот за правда Крена Лога. (Клуб на партеници/10:00)

Јахорина - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе се обрати на 17-тиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, кој се одржува во Босна и Херцеговина.

Скопје - Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе се обрати на 22-от состанок на Заедничкиот консултативен комитет МК-ЕУ (ЗКК), претставуван преку европскиот Комитет на региони.(х.,,Холидеј Ин“/9:30, изјави за медиумите/11:15)

Скопје - Јавна презентација на анализите на Независниот академски синдикат (НАкС) за исплатливоста од стипендирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети од шангајската листа. (Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, бул. „Партизански одреди“ бб/11:00)

Ресен – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на детски парк во центарот на општина Ресен. (изјави за медиуми 12:30)

Скопје - Опозициската коалиција „Европски сојуз за промена“ ќе одржи прес-конференција пред Министерството за правда. (11:00

Скопје - Разговор со современиот хроничар на градот - Васко Марковски, автор на книгата на месецот „Урбани легенди“. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Спомен-собата „Т’га за југ“/19:00)

Скопје - „PUSH THE SKY AWAY“ - изложба на дигитални графики на Соња Димовска. (КИЦ, Империјал 2/20:00)

Велес - Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје ќе ја одржи премиерата на претставата „Добри луѓе“, во адаптација и режија на Тамара Стојаноска. (Театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“/20:00)

_________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан