• петок, 17 мај 2024
МИА Најави МКД

23 април 2024 

Скопје - Доделување новинарски награди на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“ и промоција на Прирачник за едукатори по новинарство -  Известување за вештачка интелигенција“, издание на УНЕСКО, во организација на  Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). (Европска куќа Скопје /11:00)

Скопје - Тркалезна маса на тема „Одржлива иднина со зелени иновации, практична примена во компаниите“ во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија. (х. „Александар 2“, ул.„Васил Главинов“ бр3/ 12:00, изјави за медиумите 11:45)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија  Слободан Трендафилов по повод Првомајскиот протест. (ССМ, 10 кат / 12:00

Прилеп - Прес-конференција на Независен синдикат на затворска полиција и администрација - Затвор Прилеп. (Пред Затвор Прилеп /12:15)

Скопје - Прес-конференција за промоција на новоформираната фондација Центар за дигитална трансформација „Go digital“. (ресторан бар ABC by Ria (ABC by Mosh), бул. „Илинденска“/11:00)

Скопје - Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје организира „Отворен ден“ за претставување на студиските програми на осумте факултети. (Нов објект на Универзитетот во поранешната касарна „Илинден“/11:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Тркало на времето“ на италијанскиот уметник Марко Бањоли. (Галерија Чифте амам /19:00)

Скопје - Изведба на балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ во рамки на фестивалот „Танц фест Скопје 2024“. (Национална опера и балет /20:00)

Скопје - На фестивалот „Крај Вардарот џез“ ќе настапат пијанистката Дуња Иванова со „Мирисот на липите“ и Биг бендот со концерт посветен на Кире Костов. (Македонска филхармонија /20:00)

Велес - Националниот џез оркестар ќе одржи концерт од програмата „Џез лектира" од творештвото на Каунт Бејси. (Театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ /20:00)

 

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024:

Скопје - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и носител на пратеничка листа во ИЕ1,  Димитар Ковачевски, на средби со граѓани во Зелениково (пред ОУ „Марко Цепенков“/17:00), Студеничани (пред ОУ „Алија Авдовиќ“ во с. Љубош / 18:15) и на граѓански собир во Сопиште (19:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан