• понеделник, 29 април 2024
МИА Најави МКД

22 април 2024

Берово/ Кочани – Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, и државната секретарка Магдалена Несторовска, ќе остварат средби со раководствата на Одделенијата за внатрешни работи во Берово и Кочани. (изјава за медиуми пред објектот на ОВР Кочани/ 11:00)

Скопје – Прва конференција за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија во организација на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ. ( простории на Техничко-технолошкиот факултет/09:30, изјави за медиуми/ 12:00)

Скопје – Отворање на ROBOMAC 2024 година во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) заедно со IEEE Македонија. (ФЕИТ/ 13:00, изјави за медиуми пред почеток на настанот)

Струмица – Дебата на тема „До каде сме со родот“. (НУЦК „Антон Панов“, голема сала/ 19:00)

Скопје – Средношколски самит за кариерен развој во организација на „Growth Labs Academy“ во соработка со Средношколскиот сојуз. (Cineplexx Skopje, City Mall/ 17:00)

Скопје – Отворање на завршната изложба под мотото „Здраво Здравко“ на Средното градежно и гимназиско училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“. (МКЦ, Галерија 2, горно фоаје „Фросина“/ 12:00)

Тетово – Градоначалникот на Тетово, Билал Касами ќе присуствува на одбележувањето на Меѓународниот ден на планетата Земја во организација на ОЈУДГ „Младост“ - Тетово. (плоштад „Илирија“/ 10:30)

Скопје – Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје по повод претстојниот Светски ден на книгата и авторското право организира традиционален настан посветен на чествувањето на книгата, авторите и читателите, со подарување книги и рози во холот на Библиотеката. (НУБ „Климент Охридски/ 12:00)

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024:

Демир Хисар/ Ресен/ Битола – Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе оствари средби со граѓани во Демир Хисар (пред Дом на културата/17:00) и во Ресен (Градски плоштад/ 18:30) и митинг во Битола (плоштад „Магнолија/ 20:00)

Лозово/ Карбинци/ Пробиштип/ Штип – Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Лозово (16:30), Карбинци (17:30), Пробиштип (18:30) и Штип (20:30)

Скопје – Прес-конференција на Движењето ЗНАМ За наша Македонија на која ќе се обрати д-р Злате Мехмедовиќ. (во седиштето на Движењето ЗНАМ За наша Македонија во Скопје, ул. „Климент Охридски“ бр. 66/ 13:00)

 

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024:

Свети Николе/ Велес – Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, ќе биде меѓу граѓаните на Свети Николе и Велес. (во Свети Николе на плоштад „Илинден“/18:00 и во Велес во амфитеатарот на Младински парк/ 19:30)

Скопје – Независната листа „За младите“ и Работничка партија, ќе ја претстават изборната програма „За младите". (парк „Жена борец“/ 12:00)

 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан