• четврток, 25 јули 2024

Средба Муртезани - Телатин, тема проектот за поддршка на земјава на патот кон ЕУ

Средба Муртезани - Телатин, тема проектот за поддршка на земјава на патот кон ЕУ

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со Микела Телатин, директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги - УНОПС, со која разговараше за проектот „Поддршката на Северна Македонија за пристапувањето во ЕУ“, финансиран од страна на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), а имплементиран од УНОПС Скопје.

-Главната цел на проектот е ефикасен и ефективен процес на пристапување на земјата во Европската Унија, давајќи директна помош при подготовка на националната верзија на acquis, надградба на НПАА платформата, техничка помош за усогласување на законодавството со правото на ЕУ и јакнење на административните капацитети со ангажман на национални и меѓународни експерти за МЕП и за други институции (МЖСПП, МО, МП, МОН, Собрание и други), информираат денеска од Секретаријатот за европски прашања.

Муртезани се заблагодарил за континуираната поддршка и посветеноста на Канцеларијата на УНОПС во Скопје, за зајакнување на капацитетите на Министерството за европски прашања (МЕП) во контекст на евроинтегративниот процес и барањата кои произлегуваат од него. Тој нагласил дека проектната и финансиската помош е од круцијално значење за остварување на целите од реформската агенда на нашиот европски пат.

Телатин и Муртезани се согласиле дека партнерството меѓу МЕП и УНОПС е одличен пример за посветеноста, блиската комуникација и соработката при имплементирање на проекти исклучително значајни за европската иднина на земјата и регионот. сст/нд/

Фото: СЕП

 

 

 

 

 

Остани поврзан