• вторник, 25 јуни 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

18 јуни 2024 

 

 

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи петтата седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Собранието ќе го посети Стефани Раст, извршна директорка на НДИ. (Стар кабинет, Собрание/09:30)

Скопје - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го достави предлог составот на владата во Собранието на Република Македонија. (Прес-центар во Собранието на РС Македонија/ 13:30 часот)

Скопје - Собранието ќе го посетат учесници на регионалната школа „Society and Religion”. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Регионална конференција за интернет-слобода, во организација на Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН). (х.„Арка“/10:00-16:00)

Струмица - Втор Национален рурален парламент, во организација на тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата. (х.„Сириус“-Струмица/9:30) 

Штип - Конференција „Децентрализација 3.0: Зајакнување на локалната демократија“. (Свечена сала на Правниот факултет во Штип/ 11:00)

Скопје - Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ – Скопје организира Свечена академија по повод одбележување на својот 65-годишен јубилеј. (Филхармонија /20:00)

Штип - Општина Штип организира завршна прес-конференција за проектот „Зелена енергија за подобра иднина“. (во просториите на општина Штип во ЈУДОДГ „Вера Циривири Трена“ клон РАЗВИГОРЧЕ - ШТИП, ул. Браќа Деневи б.б./13:00).

Скопје - Средба на претставници на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) со претставници на медиумите. (МКЦ/12:00)

Гостивар - Вондерленд театар од Скопје во соработка со Младински Образовен форум (МОФ) и УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци ја организираат изведбата на претставата „Види, летам!“. (Центар за култура Гостивар/ 20:00) 

Скопје - Отворање на изложбата „Сосема обично“ на Владимир Илиевски. (галерија „Метаноја“, ул. „Максим Горки“ бр. 19 - Скопје/19:30)

________________________________________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан