• среда, 26 јуни 2024
МИА Најави - Свет

26 Јуни 2024

БРИСЕЛ - Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе се сретнат во новата рунда од дијалогот на високо ниво, чиј домаќин е високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел. 

ЛОНДОН - Последниот телевизиски дуел меѓу конзервативниот британски премиер Риши Сунак и лидерот на лабуристите Кир Стармер во кампањата пред парламентарните избори во Велика Британија на 4 јули.

ПРУСКОВ, Полска - Состанок на министрите за надворешни работи на Полска, Турција и Романија.

ПРАГА - Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини е во посета на Чешка.

ЕКАТЕРИНБУРГ - Почеток на судењето на американскиот новинар Еван Гершкович обвинет за шпионажа во Русија.

ЊУЈОРК - Состанок на Советот за безбедност на ОН за децата во вооружени конфликти во светот.

Остани поврзан