31 март 2026
Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ќе го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. (Пристигнување на медиумите во Кабинетот на претседателот/10:30)
- Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести (11:00)
- Тет-а-тет средба (11:15)
- Пленарен состанок на делегациите (11:35)
- Потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Младинските совети при Кабинетите на двајцата претседатели. (12:15)
- Заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Милатовиќ. (12:25)
- Положување на венец на гробот на Гоце Делчев од страна на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. (13:25)
Скопје - Посета на црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ на Собранието. (Кабинет на претседателот /14:00)
- Обраќање на црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во Собранието на Р. Северна Македонија во рамки на 96-та седница. (Сала „Македонија“ /14:15)
Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе оствари средба со раководството на RYCO. ( Уставна сала /12:00)
Скопје - Прес-конференција на пратеникот Павле Арсоски. (Прес-центар/12:00)
Скопје - Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)
Скопје - Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа ќе одржи брифинг со медиумите. (Прес-центар 7 спрат, простории на МЖСПП /09:30, не се предвидени изјави по завршувањето на брифингот)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска ќе извршат увид во изградбата на новата училишна спортска сала во ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“. (11:00)
Скопје - Народниот правобранител Фатон Сељами ќе одржи прес-конференција. (Простории на Народниот правобранител на ул. „Македонија“ бр 19, зграда на ТД „Макошпед“/11:30)
Скопје - Под мотото „Интегритет, реформи, правда“, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавните обвинители организираат свечен настан за одбележување на 31 Март – Денот на правосудството. (Зграда на ЈОРСМ,10 кат/14:00 по настанот, Јавниот обвинител на РСМ Ненад Савески ќе одржи кратка неформална средба со присутните новинари)
Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 30-та седница.
(https://zoom.us/j/94834919358?pwd=9ijZ4ZeyVvnqi4hwc2pVDOAmbCIgsE.1/10:00)
Скопје - Инженерската институција на Македонија ќе одржи настан по повод одбележување 106 години од основање на првото македонско здружение на инженерите. (х.„Холидеј Ин“10:00)
Гевгелија - По повод одбележување на 14 Април - Денот на Царинската управа, ќе се одржи настан „Отворен ден со Царинската управа“. (Градски Плоштад во Гевгелија/11:00-14:00)
Скопје - Свечено одбележување на 30 години тргување на Македонска берза АД Скопје. (х.„Мериот“/19:00)
Скопје - Прес-конференција на Демократската унија за интеграција. (Седиште на партијата/ 11:30)
Скопје - XIII студиски ден на Институтот за национална историја, на тема „Антиката во јавниот дискурс: Мери Бирд, Натали Хејнс и Бетани Хјуз“, која ќе биде презентирана од Наталија Поповска. (Институт за национална историја, голема сала/12:00)
Скопје - Центарот за стратегиски истражувања и анализи - ЦСИА Битола, во рамки на проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“ ќе одржи презентација на резултатите од мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор. (Јавна Соба/11:00)
Скопје - Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со аутистичен спектар на нарушување. (Национална галерија, објект Чифте амам/11:00)
Скопје - Прес-конференција на Македонскиот народен театар по повод претстојните регионални гостувања на сцената на МНТ. (МНТ, фоаје/11:00)
Скопје - Промоција на книгата „Антологија на античката лирика“ во издание на „Чудна шума“. (Филозофски факултет/11:00)
Скопје - Изложба „Телото што ја памти тишината“ - мултимедијално дело што ги истражува односите меѓу меморијата, тишината и трауматското искуство на Тања Балаќ. (Музеј на современа уметност/20:00)
_________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***