• вторник, 05 ноември 2024

Писонеро: ЕУ ќе соработува со Владата на Мицкоски за напредок во реформите, но таа мора да ги спроведе и обврските  

Писонеро: ЕУ ќе соработува со Владата на Мицкоски за напредок во реформите, но таа мора да ги спроведе и обврските  

Брисел, 25 јуни 2024 (МИА) - Од наша страна ние им честитавме на премиерот Христијан Мицкоски и на министрите по формирањето на новата коалициска Влада и Европската Унија ќе соработува со неа во остварувањето напредок во суштинските реформи со цел земјата да напредува на европскиот пат, изјави портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро. 

- Мислам дека пораката е многу јасна, Северна Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат. Мислам дека сите сте крајно свесни за тоа што Европскиот совет јасно го кажа дека го очекува од Северна Македонија, а тоа секако се однесува и на уставните амандмани за кои Северна Македонија се обврза да ги спроведе за да може да продолжи по својот ЕУ пат, истакна Писонеро во одговор на новинарско прашање за ставот на ЕК околу изјавата на Мицкоски дека „нема да прифати промена на Уставот“, како и околу „не користењето на уставното име од страна на Владата“. 

Писонеро додаде и дека ЕУ веќе кажала оти жали поради не користењето на уставното име на земјата од страна на „некои македонски лидери“.

- Тоа е нешто што е договорено со Преспанскиот договор и јасно е дека сите страни треба да ги почитуваат одредбите од Договорот и да го имплементираат со добра волја. Тоа имаме да го кажеме, истакна Писонеро. сп/лв/

Фото: Скриншот

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан