• петок, 10 мај 2024

Меџити: Ќе дисперзираме кадри од Клинички низ цела држава

Меџити: Ќе дисперзираме кадри од Клинички низ цела држава

Скопје, 25 мај 2023 (МИА) - Ќе дисперзираме кадри од Клинички центар низ целата држава, најави министерот за здравство Фатмир Меџити, по денешната презентација на апликацијата „Мое здравје“.

- Не, нови вработувања ќе има. Дефицит на кадар има низ цела држава, посебно средно медицински кадар и ние настојуваме во договор со МФ и со Фондот за здравство, ова веќе да почне да се имплементира и да се случи да има нови вработувања. Значи насекаде имаме дефицит на средно медицински кадар, подвлече тој, одговарајќи на прашањето дали ќе нема нови вработувања.

Тој беше прашан и зошто за нашите македонски доктори, поатрактивно е да заминат и да работат во Хрватска, Словенија, Германија и во други земји.

- Ние преземавме многу мерки досега, сме во комуникација со штипскиот, скопскиот и со тетовски факултет за медицина, па и за фармација, за стоматологија ќе стапиме во контакт, ќе направиме една програма. Кога ќе бидат овие студенти шеста година, да се знае точно од кое место доаѓа, од кој град доаѓа и кое ќе му биде работното место во иднина, информираше Меџити меѓу другото. бд/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан