• понеделник, 15 јули 2024

Меси го освои 45. трофеј во кариерата и го подобри сопствениот рекорд

Меси го освои 45. трофеј во кариерата и го подобри сопствениот рекорд

Мајами, 15 јули 2024 (МИА) – Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси го освои 45-от тимски трофеј во кариерата.

Аргентинците рано утрово ја победија Колумбија со 1:0 по продолженија во финалето на Копа Америка 2024 година.

Меси на теренот влезе во стартниот состав и беше заменет во 66. минута поради повреда. 

Триесет и седумгодишниот напаѓач има еден гол на пет натпревари на турнирот.

Меси сега има 45 трофеи во професионалната кариера. Второто место го зазема поранешниот партнер на Аргентинецот во Барселона, Бразилецот Дани Алвеш, кој има 43 победи на турнирите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан