• понеделник, 15 јули 2024

На Финалисима 2025 година ќе играат репрезентациите на Шпанија и Аргентина

На Финалисима 2025 година ќе играат репрезентациите на Шпанија и Аргентина

Мајами, 15 јули 2024 (МИА) - Во Финалисима 2025 година ќе се сретнат репрезентациите на Шпанија и Аргентина.

Финалисима е натпревар на кој се среќаваат победниците на последното Европско првенство и Копа Америка. 

Актуелен и досега единствен носител на трофејот е репрезентацијата на Аргентина - во 2022 година избраниците на Лионел Скалони ја победија Италија (3:0).

Вчеравечер, репрезентацијата на Шпанија ја совлада Англија (2:1) во финалето на Евро 2024 година. Утринава, Аргентина ја совлада Колумбија (1:0) во решавачкиот натпревар на Копа Америка 2024 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан