• понеделник, 23 декември 2024

Милер стави крај на репрезентативната кариера

Милер стави крај на репрезентативната кариера

Минхен, 15 јули 2024 (МИА) – Фудбалерот на Баерн, Томас Милер објави дека се повлекува од германската репрезентација. Тој рече дека ја почувствувал љубовта на навивачите кога го крена трофејот од Светското првенство.

- Отсекогаш сум бил многу горд што играм за мојата земја. Заедно славевме, заедно леевме солзи. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи и репрезентативци. Ви благодариме за овие години, рече Мулер на својот канал на „YouTube“.

Триесет и четиригодишниот Милер за националниот тим игра од 2010 година, одигра 131 натпревар и постигна 45 голови. Фудбалерот учествуваше на четири европски и четири светски првенства.

Во 2014 година заедно со Германија го освои светскиот шампионат.

На Евро 2024, репрезентацијата на Германија загуби од Шпанија (1:2) во четвртфиналната фаза. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан