• четврток, 25 април 2024

МД „Илинден“-Тирана и МАЕИ  посакаа благословен и лесен рамазански пост

МД „Илинден“-Тирана и МАЕИ  посакаа благословен и лесен рамазански пост

Дебар, 23 март 2023 (МИА)  -  Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ,  упатија честитки по повод почетокот на Светиот месец Рамазан.Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста.- Чест ни е, од наше и име на друштвото, до Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа и до сите верници ширум светот да упатиме честитки по повод почетокот на месецот Рамазан, најдрагиот гостин на кој верниците муслимани му се радуваат. Месец во кој молитвите не се одбиваат, и Алаховата милост е најголема. За многу години, стои меѓу другото во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Фатри Фетаху.Се посакува да надвладее чувството на хуманост и солидарност, како „главни карактеристики на месец Рамазан“.- Посакуваме, Светиот месец Рамазан, верниците да го минат во добро здравје и духовна исполнетост и Алах да даде сила да се пребродат актуелните тешки времиња и во среќа и радост да минат рамазанските пости. За многу години месец Рамазан, се наведува меѓу другото во честитката на МАЕИ, потпишана од претседателот  Васил Стерјовски. вт/ирФото: МД „Илинден"

Остани поврзан