Излезноста во Крива Паланка до 17 часот 57.78 отсто
- Во Крива Паланка до 17 часот гласале 57.78 отсто од граѓаните, кои гласаат на вкупно 47 избирачки места, а право на глас имаат 16518 граѓани.
Крива Паланка, 24 април 2024 (МИА) - Во Крива Паланка до 17 часот гласале 57.78 отсто од граѓаните, кои гласаат на вкупно 47 избирачки места, а право на глас имаат 16518 граѓани.
Во Ранковце до истиот период гласале 45.87 отсто од граѓаните запишани во единствениот избирачки список, кои своето граѓанско право можат да го остварат на 13 избирачки места.
Во Кратово,според претседателката на општинската изборна комисија, Јасминка Крстевска, од вкупниот број запишани граѓани во единствениот избирачки список, 7536, гласале 50.49 отсто до 17 часот.ид/са/
Фото: МИА