• среда, 03 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 12 мај 2024 (МИА) - На подрачјето на општина Аеродром во Скопје вчера во 15.50 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ј.(22) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Од МВР денеска соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

На 11.05.2024 во 13.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Благоја Паровиќ“ и ул.„Џон Кенеди“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А. од Скопје, удрило во Н.Х.(65) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Х., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 11.05.2024 во 14.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од бул. „Балканска“ и ул. „Крушевска република“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет управуван од А.Ѓ.(47) и патничко возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Р.(72), двајцата од Струмица.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ѓ., констатирани во Општата болница Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 89 мерки, меѓу кои 36 санкции за непрописно паркирање, осум мерки за управување на возило без возачка дозвола, осум санкции за управување возило под дејство на алкохол, 18 мерки за непочитување на брзината на движење, по две санкции за некористење сигурносен појас и користење на мобилен телефон при возење...  

На 11.05.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на  ул.„200“ во Гостивар малолетник од Гостивар додека управувал велосипед паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 12.05.2024 во 00.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Р-1102  езеро Младост – Велес, пред крстосницата за село Отовица, велешко, Ѓ.С.(35) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

На 11.05.2024 во 18.30 часот полициски службеници од СВР-Тетово на улица ,,111" во Тетово, врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна, за сторено кривично дело ,,измама",  го привеле Е.В.(45) од тетовска Мала Речица. Тој бил спроведен во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.

На 11.05.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Центар М.И.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„50-та Дивизија“ бил каснат од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан