• среда, 27 ноември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

3 јули 2024 

Скопје – Средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши со австралискиот амбасадор, Даниел Џозеф Емери. (сала на Влада/ 10:30)

Скопје – Средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши со шпанскиот амбасадор, Хосе Луис Лозано Гарсија. (Стар кабинет/ 11:50)

Скопје – Средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши со литванската амбасадорка, Вилма Дамбраускиена. (Стар кабинет/ 12:45)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на годишниот настан „Разговори за еднаквост“ на Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација. (х. Солун/ 9:30, изјавите се предвидени во 9:15)

Скопје - Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе одржат прес конференција по повод реконструкцијата на салата „Расадник". (Кисела Вода, пред салата „Расадник"/ 11:00)

Скопје - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК) ќе ја одржи 14 сесија на Работната група 3 „Правосудство и основни права“ (Поглавје 23) на тема „Измените на Kривичниот законик од 7 септември 2023 година: македонската и европската легислатива во спречувањето и борбата против корупцијата“. (хотел „Панорамика“ /9:30).

Скопје - Судскиот совет на Република Северна Македонија организира конференција на тема „Напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ  од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија“. (х. „Александар Палас“/ 9:30)

Скопје – Хелсиншкиот комитет за човекови права организира презентација на документот „Мониторинг на спроведување на стратегијата за развој на пробациска служба во Република Северна Македонија (2021-2025)“- период на следење 2023 година. (х. „Панорамика“/ 11:00)

Скопје  – Изјава на дел од приватните автобуски превозници во град Скопје. (последна 45 во населба Ченто/ 11:00)

Скопје – Прес-конференција на Коалицијата МЕНУВАМЕ. (пред Владата на РСМ/ 12:00)

Охрид – Ансамблот Танец свечено ќе го отвори 63. Балкански фестивал на народни песни и игри. (на Долни Сарај/20:30)

Скопје - Концерт на Јана Лолова и Антонио Илиоски. (КИЦ/ 19:00)

Скопје – Концерт на Никола Ѓуричко и неговиот Бенд „Џони Миднајт Трио“.  (на терасата на Јавна соба/ 21:00)

Битола – Прес-конференцијата по повод отворањето на 16 издание на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ. (на стадионот „Петар Милошевски“/ 12:00)

Охрид – Претпрограма на 7. издание на Beach film festival со проекции на филмови од современата шпанска кинематографија. (на плажата Сараиште)

 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан