• среда, 17 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 8 јуни 2024 (МИА) - Синоќа во 21:10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.З.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 00:45 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 18:30  часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Сарај, скопско Ф.А.(31) од истото село управувајќи трактор со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и се превртел. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката Р.С.(19) констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Вчера во 11:00 часот во Полициската станица Берово, било пријавено дека на Регионалниот пат Делчево-Берово, на место викано „Негреска чекална“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со делчевски регистарски ознаки управувано од К.Н.(42) од Делчево и трактор управуван од В.М.(55) од Пехчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

Вчера во 15:00 часот во Полициската станица Кавадарци, било пријавено дека на крстосница од ул.„Пионерска“ и ул.„22-ри Декември“ во Кавадарци моторцикл „априлиа“ со кавадаречки регистарски ознаки управуван од малолетник од Кавадарци излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.

Денеска во 01:58 часот во Полициската станица Гевгелија, било пријавено дека на крстосницата од ул.“Коле Неделковски“ и ул.„Љубљанска“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано од Б.Ј.(20) од Гевгелија и мотоцикл „педа“ со гевгелиски регистарски ознаки управуван од малолетник од с.Прдејци, гевгелиско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговиот малолетен сопатник констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

Вчера во 12:45 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле У.Х.(61) од Косово затоа што при извршена пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Вчера во 14:30 часот на место викано „Раскрсница“ атар на с.Јажинце, полициски службеници го привеле Б.Ч.(20) од Косово затоа што се обидел илегално да влезе во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Рогачево за понатамошна постапка.

Вчера во 12.25 часот во Полициската станица Центар К.П.(22) од Битола пријавил дека на ул.„Кочо Рацин“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во 14:50 часот во Полициска станица Центар Б.П.(31)  од Скопје пријавил дека на ул.„Мирослав Крлежа“ во Скопје бил каснат од куче скитник.фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан