• сабота, 28 декември 2024

На котација државни обврзници во вредност од 4.536.450.000 денари

На котација државни обврзници во вредност од 4.536.450.000 денари

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) -  Македонска берза објави  дека согласно поднесени барања од страна на Министерството за финансии за котација на државни обврзници, почнувајќи од денеска на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државни обврзници во вкупна вредност од 4.536.450.000 денари.

 Според објавата од Берзата, со првата емисија се опфатени 139.380 обврзници во вредност од 1.393.800.000 денари,  со датум на издавање 19 септември годинава и доспевање на 19 септември 2027 година, а каматна стапка од 3,95 проценти.  Втората емисија, исто така со датум на издавање на 19 септември година, е со 119.190 обврзници во вредност од 1.191.900.000 денари, со каматна стапка од 5,6 проценти и датум на доспевање 19 септември 2039 година.  Третата е за 195.075 обврзници во вредност од 1.950.750.000 денари, со каматна стапка од 5,6 проценти, со датум на издавање од 10 октомври годинава и рок на доспевање од 10 октомври 2039 година.

Аукциите се согласно  Календарот на државни хартии од вредност достапен на веб страницата на Министерството за финансии. 

Според објавените податоци, вчера се достасани државни хартии од вредност во износ од 2 428 000 000,  а следните се во вредост од 135 000 000 со датум 30 октомври годинава.лв/са/

фото: МИА архива 

 

 

 

 

Остани поврзан