• недела, 22 декември 2024

Пекевски: Берово ќе реализира поголем број проекти од на областа на транспортот за 2024 година

Пекевски: Берово ќе реализира поголем број проекти од на областа на транспортот за 2024 година

Берово, 24 октомври 2024 (МИА) - Општина Берово, доби солидна сума на парични средства за реализација на капитални проекти од областа на транспортот за 2024 година. Во својата  денешна објава градоначалникот на Берови, Звонко Пекевски ги наброи капиталните проекти кои Општина Берово ќе ги реализира во наредниот период.

-Општината доби средства за улично осветлување во туристичка населба ,,Беровско езеро” – трета фаза во висина од 3,43 милиони денари, за реконструкција на улица ,,Индустриска” бр. 3 Берово се одвоени 4,57 милиони денари, додека за реконструкција на крак 3 од улица ,,Козара” Берово, 1,3 милиони денари, информираше Пекевски.

Средства општината како што додаде има добиено и за изградба на паркинг простор на улица ,,Партизанска”, вкупно 2,2 милиони денари, за изградба на тротоар на улица ,,Дамјан Груев” со улица ,,Маршал Тито” до влез во градски гробишта, околу 2,8 милиони денари, за реконструкција со партерно уредување на простор околу градски пазар  Берово - 2,5 милиони денари и за реконструкција на улица ,,Енгелсова”  Берово, 3.352.521,00 денари.

-Средствата општината ги доби врз основа на објавениот јавен повик на Влада на РСМ, за изразување на интерес од страна на општините, за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа, согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ, за Општина Берово, посочи Пекевски. 

Ваквата поддршка според него е од огромно значење за подобрување на инфраструктурата во Берово, при што ќе се подобри пристапноста на жителите до нивните имоти, ќе се придонесе до подобрување на условите за туризам и ќе се подобри квалитетот на живот на сите граѓани. вс/сст/


Фото: МИА
 

Остани поврзан