• среда, 15 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - На 03.04.2024 во 17.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Б.(58) и В.Б.(25), двајцата од Тетово, соопштија денеска од МВР.

При претрес во нивниот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, бил пронајдени и одземени неколку пакувања со хероин. Лицата се задржани во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

На 03.04.2024 во 21.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.Б.(48) од Велес, кој бил баран од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство од установата. Имено, околу 19.30 часот од установата било пријавено дека Х.Б. не се вратил во установата и по преземени мерки, после два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари во различни валути и апоени. Исто така, неговата 43 – годишна сопруга пријавила дека околу 20.00 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал.  Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На  03.04.2024 во 13.20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ф.С (54) од тетовско Гајре, кој бил баран по потерница за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 03.04.2024 во 23.40 часот кај с.Страцин, кратовско, по претходно добиени сознанија дека врши криумчарење и по преземени мерки, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Косово. При контрола во возилото „фолксваген пасат“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена поголема количина на разновидна акцизна стока за која не поседувал никаква документација, а ниту пак платил царински давачки. Стоката и возилото биле одземени и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.04.2024 во 10.40 часот во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.А.(45) од гостиварско Врапчиште. Тој се сомничи дека претходниот ден во периодот од 19.00 до 19.30 часот во гостиварско Пожаране предизвикал пожар во викенд куќа, сопственост на А.Ќ.(73) од Тетово. Во службен разговор во полициска станица, тој го признал делото. По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

На 03.03.2024 во 22.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.04.2024 во 13.55 часот на улица „Вардар“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Ш.Ф.(36) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.04.2024 во 21.30 часот на улица „Илинденска“ во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа С.К.(27) од истото село затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 29 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците...

На 03.04.2024 околу 20.00 часот во ОВР Струга е пријавено дека кај „Биџевска крстосница“ на локален пат за струшкото село Ливада, патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.Д.(59) од струшкото село Шум, излетало од патот. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото ивршила екипа на ОВР Струга.

На 03.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Катланово, скопско, малолетник додека управувал велосипед изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 03.04.2024 во 06.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Карпошово Востание“ и ул.„Драгиша Мишовиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(24) од с.Љубанци, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(57) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.С., а со телесни се здобиле С.Т и сопатничката од возилото „опел вектра“, А.М.С.(21) констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.    

На 03.04.2024 во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Самоилова“ и сервисната улица од патниот надвозник над бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(28) од Кичево и мотоцикл „пијаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(44) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.04.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Московска“ во Скопје, непознато лице со велосипед удрило во Љ.Г.(85) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Г., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.04.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.К.(29) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ била касната од куче скитник.

На 03.04.2024 во 17.50 часот во Полициската станица Центар, Л.Б.(58) од Скопје пријавила дека на бул.„Кочо Рацин“ била касната од куче скитник.

На 03.04.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Чаир, А.Л.Д.(45) од Скопје пријавила дека на бул.„Словенија“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан