• сабота, 27 април 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 20 април 2024 (МИА) - Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.   

На 19.04.2024  во 18.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање   на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.04.2024 во 21.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Л.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање   на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.04.2024 во 22.00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Р.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање   на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.04.2024 во 22.05 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода две малолетнички од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање  на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 19.04.2024 во 23.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода А.М.(20) од Гевгелија затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање  на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.04.2024 во 23.55 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање  на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.04.2024 на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници  од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање  на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.04.2024 во 19.10 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода И.Т.(23) од Виница затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.04.2024 во 09.39 часот во СВР Битола било пријавено дека при ископ на јаловина во кругот на РЕК Битола, Рудник „Суводол - Јагленов Систем“, била пронајдена неексплодирана артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна. Увид извршила екипа од СВР Битола, а гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола.  

На 19.04.2024 во 19.40 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ја привеле Г.Ф.(21) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека го пречекорила дозволениот туристички престој во државата. Таа била предадена полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.   

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол...

На 19.04.2024 околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на надвозникот кој води кон Раштански пат – Скопје од автопатот, патничко возило  „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  С.И.(31) од  Скопје, удрило во пешакот И.З.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 19.04.2024 околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(62) од Скопје, удрило во пешакот К.П.(67) од  Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 19.04.2024 во Полициската станица Кисела Вода, Д.Ј.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 19.04.2024 во 12.50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Ј.М.(51) од Скопје пријавила дека на ул.„Никола Парапунов“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 19.04.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Гази Баба, К.П.(23) од Скопје пријавил дека во нас.Ќерамидница во Скопје бил каснат од куче скитник.бт/

Фото: МИА Архива

Тагови

Остани поврзан