• понеделник, 06 мај 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 26 април 2024 (МИА) - На 25.04.2024 во 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.З.(24) од с.Глумово, скопско и С.Ј.(56) од Скопје, а бил употребен и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.04.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје М.А.(21) од с.Марино-скопско пријавил дека во селото, по претходна расправија, тој и неговиот татко М.А. биле физички нападнати од Г.Д.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.04.2024 во 07.04 часот во СВР Скопје, Г.М.(54) пријавила дека околу 06.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, била физички нападната од Д.К.(74), двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 25.04.2024 во 12.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот во продажен објект во Скопје, Г.В. (49) од Скопје, вработена во објектот, била физички нападната од Г.А.(52) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.04.2024 во 23.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, пред угостителски објект, по претходни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(35) од Скопје и Г.И.(51) од с.Булачани, скопско.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.04.2024 во 18.30 часот во Полициското одделение Петровец Ф.М.(24) од општина Петровец пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна сестра С.М.(16), за која се сомневал дека се наоѓала во Драчево кај нејзиното момче Ќ.Н.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 25.04.2024 во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на
Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23) од Скопје, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.

Извршен бил увид од СВР Скопје, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. 

Денеска (26.04.2024) во 05.00 часот во Полициската станица Аеродром С.А.Ј.(27) од Скопје, пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Пријавениот, на социјална мрежа,  објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.

СВР Велес поднесе кривична пријава против О.Ѓ.(44) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 13.11.2023 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, дигитална вага и пари.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.С.(52) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „неовластено изработување, држење, продавање, набавување и посредување во тргување или вршење размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи“.

На 14.12.2023 во колонијална продавница во Прилеп, полициски службеници пронашле и одзеле 1.620 парчиња пиротехнички средства, сопственост на пријавениот.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Д.(34) од Росоман, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 02.06.2023 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена воздушна пушка „бушнел“,  13 патрони ловна муниција и 17 боеви куршуми различен калибар.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавената, на 13.09.2023 на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што  се согласил.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Џ.(35) од Струмица,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 24.03.2024 за излез од Граничниот премин Табановце, тој приложил фалсификувана возачка дозвола од Р. Чешка.

СВР Тетово поднесе кривична пријава  против  Ј.Р.(43) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 19.12.2023 полициски службеници при извршена сообраќајна контрола констатирале дека тој со патничко возило „пасат“ вршел јавен превоз  без соодветна лиценца.

На 25.04.2024 во Полициската станица Струмица, во присуство на родител, бил повикан малолетник од струмичко село, кој се сомничи дека истиот ден извршил обљуба врз малолетничка од струмичко.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување.

На 25.04.2024 година во 04.50 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на улиците „Св. Јоаким Осоговски“ и „Партизанска“ во Крива Паланка биле оштетени две рекламни паноа на политичка партија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.Ј.(47) од кичевското село Горно Строгомиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тој, во текот на 2023 година, на дел од катастарска парцела во истото село, отпочнал со градба на индивидуален станбен објект без одобрение за градење издадено од надлежен државен орган.

На 25.04.2024 во СВР Битола, Б.М. од с.Крклино пријавил дека во атар на село Крклино, битолско била пронајдена неексплодирана експлозивна направа, која во текот на денешниот ден ќе биде подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против О.К.(53) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем “.

Тој, на 07.03.2024 од банкарска картичка сопственост на лице од Василево, неовластено подигнал пари со што се стекнал со противправна имотна корист од 27.500 денари.

На 25.04.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Радовиш Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.04 2024 во 05.10 часот во реонот на с.Богородица, Гевгелија полициски службеници од РЦГР Југ го лишиле од слобода Д.Р. (26) од Струмица затоа што со возило „шкода“ превезувал три лица од Непал, кои немаат регулиран престој во Република Северна Македонија.

По документирање на случајот, против Д.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. сст/

 

 
 

 

 

Остани поврзан