• понеделник, 13 мај 2024

Приведени двајца дилери на дрога, пронајдени над три килограми марихуана

Приведени двајца дилери на дрога, пронајдени над три килограми марихуана

Скопје, 6 мај 2024 (МИА) - Двајца прилепчани се приведени синоќа бидејќи во возилото „пежо“ со кое се превезувале биле пронајдени торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека двајцата дилери се приведени на регионалниот пат Дебар-Струга околу 21:30 часот. Автомобилот марка „пежо“ со скопски таблички било на рент а кар компанија. Возилото го управувал 34-годишниот Б.С., а сопатник бил 36-годишниот Д.Н. 

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан