• вторник, 26 ноември 2024

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим поради Денот на полицијата

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим поради Денот на полицијата

Скопје, 6 мај 2024 (МИА) - Во Скопје утре од 08 до 18 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одбележување на 7 Мај - денот на полицијата.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој временски период затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот. Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан