• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 27 април 2024 (МИА) - На 26.04.2024, по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и полициски службеници од Полициската станица при СВР Штип го лишиле од слобода Б.М.(32) од Штип. При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага. Лицето е задржано во полициска станица и со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување.

На 26.04.202 во 21.50 часот во Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода А.Т.(22) и Н.Д.(31), и двајцата од Радовиш. При преглед кај нив, кај А.Т. биле пронајдени две пакувања со марихуана. Во полициската станица Радовиш бил извршен службен разговор со двете лица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Денеска (27.04.2024) во 00.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ј.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.04.2024 во 14.40 часот на Граничниот премин Белановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Л.(35) од Р.Србија, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во оперативната евиденција е на СТОП листа по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 26.04.2024 во 14.00 часот во близина на место викано „Табла ливада“, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово ги привеле Л.Е.(22) и А.С.(27), од Р.Албанија, затоа што при извршена контрола било констатирано дека илегално ја преминале албанско-македонската граница. Тие биле предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 105 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири за брзо возење, три за минување на црвено светло... 

На 26.04.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на улица „Калаузлиска“ во Радовиш, мотоцикл управуван од М.Д.(27) од Радовиш излетал од патот и удрил во паркирано патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

На 26.04.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ј.(81) од Скопје пријавил дека во нaселбата Горно Лисиче во Скопје бил каснат од куче скитник.

На  26.04.2024 во  20.45 часот во Полициска станица Драчево, Н.Т.(40) од Скопје  пријавила дека на ул.„Румена Хаџи Панзова“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.  

На  26.04.2024 во 23.45 часот во Полициска станица Драчево, А.Ј.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. 

 

Остани поврзан