• петок, 21 февруари 2025

Уште една кумановка измамена за 2000 евра за наводна сообраќајна несреќа, вчера на подрачјето на СВР Куманово, шест обиди за измами

Уште една кумановка измамена за 2000 евра за наводна сообраќајна несреќа, вчера на подрачјето на СВР Куманово, шест обиди за измами

Куманово, 21 февруари 2025  (МИА) - Уште една измама во Куманово за наводна сообраќајна несреќа, оштетена е повозрасна кумановка за 2.000 евра информираше денеска СВР Куманово. Вчера, биле регистрирани пет обиди за измами со наводни сообраќајни несреќи и една на подрачје на Кратово.

- Вчера во 16:30 часот во СВР Куманово, 78 – годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзиниот син и снаа предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле малолетно дете и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

По низата случаи во јануари и февруари полицијата уапси бугарски државјанин. Од МВР постојано апелираат за претпазливост. Случаите со наводни сообраќајни несреќи се случуваат во одредени периоди. Претходниот период во СВР Куманово беа пријавени шест случаи на измами, а изминатата година два. ам/

Фото: МИА

Остани поврзан