Лишен од слобода неготинец кој нападнал малолетник во сендвичарница
- Лишен од слобода неготинец кој нападнал малолетник во сендвичарница во Неготино. Случајот го пријавил таткото на малолетникот, информира денеска Биљана Ѓаковска, портпаролка на СВР Велес.
Кавадарци, 27 април МИА) – Лишен од слобода неготинец кој нападнал малолетник во сендвичарница во Неготино. Случајот го пријавил таткото на малолетникот, информира денеска Биљана Ѓаковска, портпаролка на СВР Велес.
Таа извести и дека во кавадаречко било пријавено исчезнување на 76 - годишно лице, по кое се уште се трага.
-Утринава во 00.10 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Д.(39) од овој град, постапувајќи по пријава на неготинецот И.С.(44), според која, во сендвичарница во градот, тој физички го нападнал неговиот малолетен син. С.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појасни Ѓаковска.
Вчера во 10.30 часот, во ОВР Кавадарци, К.С.(74) од Кавадарци пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг С.С.(76), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Дознаваме дека лицето го бараат полицајци, блиски роднини и други луѓе, пожарникари, планинари и велосипедисти. свд/ир
Фото: МИА архива