• вторник, 14 мај 2024

МВР Билтен (ДПЛ) 

МВР Билтен (ДПЛ) 

Скопје, 31 август 2023 (МИА) – Полициски службеници од ОВР Кратово, вчера во 12:40 часот, го лишиле од слобода Д.М.(38) од Кратово. Тој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Кратово за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело по член 131 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Куманово за издржување на казната.

Вчера во ОВР Прилеп, Ј.М.(61) од Прилеп пријавила дека во населба „Варош“ во Прилеп била касната од куче скитник.

Во ОВР Прилеп, вчера К.Г.(45)  од Прилеп пријавила дека на улица „Ладо Лапецот“ во Прилеп била касната од куче скитник.

Денеска во 07:20 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар, 50-годишниот Б.А. од гостиварски Добридол. Пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник. 

Во ОВР Прилеп И.К.(30) пријавила дека на улица „Мирче Најденов“ во Прилеп била касната од куче скитник. 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против И.Е.(22) од Шуто Оризари – Скопје поради постоење основи на сомнение поради сторено кривично дело „тешка кражба’’. На 12.08.2023  во Струмица, пријавениот одзел накит од З.Ј. од с.Василево, струмичко.

Денеска околу 10:30 часот во тетовско Долно Седларце, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 53-годишниот Т.Б. од Штип. Тој се сомничи дека во периодот од 20 јуни годинава досега извршил пет кражби во цркви во општина Јегуновце. Со употреба на сила влегувал во објектите и најчесто одземал пари. Кај него биле пронајдени и одземени разновиден алат што го користел при извршување на кривичните дела. Т.Б. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде изготвена соодветна кривична пријава. 

На 30.08.2023 година по преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ј.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека на 18.08.2023 на улица „Скупи“ во Скопје, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.    

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 209 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа, 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07 до 12 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 40 прекршоци, од кои 14 поради неисправен уред за запирање... Упатени на вонреден технички преглед биле 172 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 115 други видови на сообраќајни прекршоци. 

Вчера во 17 часот во СВР Скопје, К.К.(36) од Скопје пријавила дека на 29.08.2023 околу 14:30 часот во фирма на подрачје на Гази баба во Скопје, поради нерасчистени деловни односи, едно лице и се заканило со пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Вчера во 18:35 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на улица „Самуилова“ имало повредено лице од остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека, по претходна расправија, неколку лица ги нападнале Е.М.(49), К.И.(71) и Р.А.(60), сите од Скопје, при што со остар предмет му нанеле повреди на Е.М., а со метален предмет ги нападнале К.И. и Р.А.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 30.08.2023 во 21:42 часот во СВР Скопје, Г.Ц.(46) од Скопје пријавил дека на подрачје на општина Аеродром било опожарено неговото патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Според пријавеното, тој самиот го изгаснал пожарот. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Одделението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(28) од Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 27.08.2023 на автопатот Скопје – Куманово, пријавениот со патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки превезувал пет лица мигранти од Сирија. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.К.(54) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Во периодот од 10.08. до 19.10.2022, пријавениот управувал патничко возило „цитроен берлинго“ сопственост на правно лице од Скопје, каде што работел. Притоа, тој противправно го присвоил возилото кое му било доверено на користење без да ги извести овластените лица во правниот субјект.

На 30.08.2023 во 22:34 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на општина Центар, две лица со закана кон вработената одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 30.08.2023 во 21:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Т.Ј.(60) од ссело Трсино, виничко. Тој се сомничи дека претходно допирал по телото 26 – годишна германска државјанка. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Л.(39) од Гостивар поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“. Пријавениот, на 17.08.2023 во семејниот дом физички ја нападнал својата сопруга. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Џ.(37), Д.Л.А.(56), Д.Л.Р.(19), сите од Италија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“ и против А.Н.(60) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 12.12.2022, првите тројца пријавени биле затекнати како се движат во теренско возило со италијански национални ознаки на патот над с.Ѓурѓевиште кој води кон каналот Шарски води. Притоа, во возилото биле затекнати три ловечки кучиња, а биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и муниција и било констатирано дека се работи за незаконит лов на територијата на националниот парк, во што им помогнал четвртопријавениот во својство на локален водич. 

На 30.08.2023 во 13:30 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.Д.(63) од село Љуботен, скопско, пријавила дека на 29.08.2023 околу 15 часот на подрачје на Чаир, по претходна расправија, била физички нападната од И.Н. од село Љуботен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 30.08.2023 во Полициската станица Кисела Вода, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(34) од село Горно Соње, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на објект во изградба во село Горно Соње. Увид бил извршен. 

На 30.08.2023 во Полициската станица Чаир било пријавено дека во 16:30 часот на подрачје на Бутел бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М.(20) и В.М.(71), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.08.2023 во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.С.(28) од Скопје пријавил дека на 30.08.2023 околу 17:30 часот на подрачје на Кисела Вода бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.08.2023 во 15:30 часот во Полициската станица Драчево, И.Д.(78) од село Студеничани, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила Н.Ф.(27) од село Студеничани. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.свс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан