• понеделник, 23 декември 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.С.(39) и М.И.(31), двајцата од Куманово. С.С. бил осуден на казна затвор од 10  години за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ по член 237 и 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централнa потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на две години и осум месеци од казната. М.И., исто така, бил баран по централнa потерница врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна од шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.  Лицата биле спроведени во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казните.

Денеска (04.03.2024) во 01.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (04.03.2024) во 03.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.С.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.03.2024 во 21.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Д.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.03.2024 во 12.10 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (03.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 405 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 254 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 151 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на Град Скопје изречени се вкупно 237 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 137 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за управување под дејство на алкохол...  

Во текот на вчерашниот ден (03.03.2024) во периодот од 11.30 до 17.30 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција - Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Битола, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 94 возачи, од кои 28 за возење без возачка дозвола, две санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, пет мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), девет санкции за возење без лекарско уверение во јавниот превоз... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 03.03.2024 во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(51) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(22) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 03.03.2024 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на бул.„Видое Смилевски Бато“ паднала патничката Н.Ј.(84) од Скопје, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 03.03.2024 во 17.50 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Д.(61) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник.   

На 03.03.2024 во 14.00 часот во СВР Битола, А.Т.(42) од Битола пријавила дека на ул.„Глигор Прличев” била касната од куче скитник.

На 03.03.2024 во 10.15 часот во СВР Куманово, В.П.(77) од Куманово пријавила дека на улица „Прозорска“ била касната од куче скитник. мд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан