• четврток, 23 јануари 2025

Во текот на викендот се подигнати 65 кубни метри одложен отпад

Во текот на викендот се подигнати 65 кубни метри одложен отпад

Скопје, 23 декември 2024 (МИА) - Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани приближно 65 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Гази Баба и Кисела Вода. 

-Повторно е интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на јавна површина на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на детското игралиште, информираат од јавното претпријатие.

Во општината Чаир се отстранети и 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад на неколку локации во населбата Топаана, како и на булеварот Македонско-косовска бригада.

Екипите на Претпријатието во текот на викендот подигнаа и 10 кубни метри отпад одложен долж булеварот Александар Македонски.

Воедно, расчистени се и приближно 20 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања одложени на јавни површини на улиците Димо Хаџи Димов и Невена Георгиевска-Дуња во скопската општина Кисела Вода. сст/дма/

фото: ЈП „Комунална хигиена“

Остани поврзан