Светот на детската фантазија продефилира низ Делчево
- Обединети под „Априлијадата“ и бујната детска фантазија и имагинација, денеска стотина маски го обоија Делчево во знакот на детскиот свет. Низ градот продефилираа принцези, пчели, самовили, најразлични животни и ликови од детските бајки, но и јунаци кои се борат за правдата и се заштитници на обесправените. Тие преку своите маски ни покажаа дека светот може да биде поубав, поразигран, а секој костум носи приказна раскажана од детските очи и смеа. Низ џагор и смеа, детскиот свет потсети дека смеата, креативноста и ведриот дух се дел од секојдневието што треба да го негуваме.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.