• петок, 17 мај 2024

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)

Скопје, 30 април 2024 (МИА) - ОВР Струга поднесе кривична пријава против У.Б.(49) и В.К.(46), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“. Тие биле затекнати во патничко возило, сопственост на В.К., при користење на марихуана, која У.Б. претходно ја набавил.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Г.(33) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. Тој во ноќен клуб во Охрид, на М.К. од Струга му овозможил употреба на марихуана, при што бил затекнат од полициски службеници.

Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност на сообраќајот, вчера (29.04.2024) во периодот од 10.00 до 15.00 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 15 прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-5), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 8 (ТЕ-6 и ГВ-2), сообраќајна дозвола со поминат рок на важност 1 (ТЕ) и управување без положен возачки испит 1 (ГВ). Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци. При контролата биле констатирани и санкционирани и 5 (ТЕ) останати сообраќајни прекршоци.

На 29.04.2024 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле санкционирани 16 прекршоци од кои 4 надвор од населено место и 12 во населено место. Санкционирани биле и 34 други видови на прекршоци, од кои 13 за непрописно паркирање.

На 29.04.2024 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници, затекнале и санкционирале 11 мотоциклисти кои управувале мотор без заштитна кацига (Охрид-04, Струга-03, Кичево-01, Дебар-03).

На 29.04.2024 во 08.30 часот во СВР Тетово, 38-годишен тетовец пријавил дека на 22.04.2024 бил измамен од едно лице за сума од 800 евра. Според пријавеното, лицето дошло во неговиот деловен објект и му понудило мобилен телефон за сумата, за што му приложил и фактура. Како што е пријавено, тој одлучил да го купи телефонот, а откако се обидел да го активира кај неколку сервисери, тие му кажале дека телефонот не е оригинал и сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.04.2024 во 12.30 часот во СВР Тетово, 51 – годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од А.Л.(29) од Тетово. Според пријавеното, во текот на 2019 година, откако со неколку други лица биле повреден во сообраќајна незгода, биле контактирани од А.Л., кој се претставил како агент од осигурителна компанија и им понудил по 500 евра за обештетување за повредите во незгодата. Како што е пријавено, откако се согласиле и потпишале документи, парите им биле дадени на рака. Според пријавеното, во текот на 2023 година добиле судски покани во врска со наведената сообраќајна незгода, а осигурителната компанија барала обештетување од нив во износ од 9200 евра, пари кои никогаш лично не ги добиле од компанијата, ниту пак ополномоштиле адвокат или лице да ја води нивната постапка, по што сфатил дека биле доведени во заблуда и измамени од А.Л.. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

На 29.04.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје, 22 - годишник од село во општина Илинден, пријавил дека околу 10.30 часот во селото, по претходно нарушени семејни односи, бил физички нападнат од С.А.(31) од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (30.04.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје, Е.Б.(43) од Скопје пријавил дека на 29.04.2024 околу 22.15 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од неколку лица, од кои едно од нив употребило тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.04.2024 во 12.20 часот во СВР Скопје, А.Ј.(27) од с.Волково, Скопско, пријавил дека на 28.04.2024 околу 23.20 часот во населбата Кисела Јабука, општина Ѓорче Петров, бил физички нападнат од Б.С.(26) од с.Волково и уште неколку лица, при што бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.04.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека на 28.04.2024 околу 21.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиното момче А.Ј.(27) од с.Волково, Скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Т.(54) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „помагање на сторител по извршено кривично дело“. На 24.09.2023 во населба Циглана во Гостивар, по претходно случена сообраќајна незгода, пријавениот лажно пријавил дека тој го управувал возилото и на тој начин го сокрил идентитетот на возачот.

На 29.04.2024 во 21.20 часот во СВР Скопје, С.Ј.(31) од Скопје пријавила дека на 28.04.2024  околу 21.00 часот на работното место во спортска обложувалница на подрачјето на Центар била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.04.2024 во 17.15 часот во СВР Скопје, И.Т.(40) од с.Пакошево, општина Зелениково, пријавил дека околу 16.15 часот на неговата влезна врата забележал дупка од заталкан куршум од огнено оружје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Б.(32) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 26.04.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот и во возилото на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага и пари.

На 29.04.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 29.04.2024 во 18.20 часот во СВР Тетово, А.Н.(49) од Тетово пријавил дека пред неговата викенд куќа на Тетовско кале бил каснат од куче скитник.

На 30.04.2024 околу 06.00 часот во ОВР Гостивар, Б.А.(55) од Гостивар пријавил дека во Гостивар бил каснат од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.С.(66) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, на катастарска парцела во с.Церово, изведувал градежни работи од тврда градба без да поседува соодветна дозвола за градба од надлежен орган.

На 29.04.2024 во 10.06 часот во СВР Скопје, Б.П.(47) од Скопје пријавил дека околу 09.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот сосед З.К.(64) од Скопје пукал со воздушна пушка и  погодил мачка, сопственост на пријавителот. Со пријавениот бил извршен службен разговор и од него била одземена воздушната пушка, дијаболи и потврда за пријавено оружје, сопственост на неговиот син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.04.2024 во 20.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.Б.(46) од Скопје пријавил дека во Градски парк во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче.

На 29.04.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(16) од Куманово, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 29.04.2024 во 18.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Р.К.(30) од Скопје пријавила дека на ул.„Алексо Демниевски“ во Скопје била касната од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива 

 
 

Остани поврзан