• петок, 26 април 2024

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)

Скопје, 19 април 2024 (МИА) На 18.04.2024 во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода В.З.(23) и В.Т.(36), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 01.04.2024 во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двете лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело. СВР Скопје – ЕВР Кисела Вода до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор.

Денеска (19.04.2024) во 01.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги привеле Б.М.(47) и С.М.(35), двајцата од Скопје. Б.М. се сомничи дека физички ја нападнал сосетката М.П.Б.(35) од Скопје, а потоа неговата сопруга С.М. агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 18.04.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, Д.В.(48) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот во Градски трговски центар во Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои едниот од нив имал остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.04.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје, Д.С.(24) од Скопје пријавил дека на 17.04.2024 околу 12.45 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.Р.(42), кој употребил и остар предмет и му нанел повреда. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.04.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот на подрачјето на Бит Пазар Џ.Р.(27) бил физички нападнат од И.Р.(45), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  
 
На 18.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(38) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т.(28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола  била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 18.04.2024 во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 18.04.2024 во 19.00 часот во Полициското Одделение-Галате, О.М.(74) од гостиварско Врапчиште, пријавил дека во селото бил каснат куче скитник.

На 18.04.2024 во СВР Битола, В.Ч.(46) од Битола пријавил дека кај Саат кулата во Битола бил каснат од куче скитник.

На 18.04.2024 во СВР Битола, Е.Б.(25) од Битола пријавила дека во двор на основно училиште во Битола била касната од куче скитник.

На 18.04.2024 во 15.30 часот, Ф.К.(32) од Охрид во полициска станица пријавил дека на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид бил каснат од куче скитник.

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Б.(30), А.Б.(29) и Н.Б.(42), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 01.04.2024 во битолско село, прво и второпријавениот извршиле „тешка кражба“ во куќа сопственост на Љ.Ц. (74) од Битола, при што одзеле пари во различни валути и накит. Третопријавениот го надгледувал движењето на сопственикот на куќата.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.Ш.(27) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.12.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.05.2023, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин и дигитална вага.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.В.(50) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 17.11.2023, полициски службеници од пријавениот одзеле два пиштоли „Застава М57“.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ќ.Ш.(43) и А.Р.(46), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 19.02.2024 во Прилеп, по претходна расправија, пријавените со остар предмет му се заканувале на К.И.(33) од Прилеп.

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.М.(32)од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 10.02.2024 во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило управувано од пријавениот, при што констатирале дека регистарските таблички му припаѓале на друго возило. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан