• сабота, 04 мај 2024

„Чоко Пробио“– најдобра Џуниор Ачивмент ученичка компанија патува на европски натпревар во Италија

„Чоко Пробио“– најдобра Џуниор Ачивмент ученичка компанија патува на европски натпревар во Италија

Скопје, 26 април 2024

Победник на националниот натпревар на ученички компании за учебната 2023/2024 година организиран од Џуниор Ачивмент Македонија е  ”Чоко Пробио“ од средното училиште СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп е ученичка компанија која со својот производ чоколадо со пробитик, ја импесионираше жири комисијата.

Нивната идеја се состои од производство и продажба на пробиотички чоколади произведено со оригинална и едноставна рецептура користејќи природни состојки, како какао, путер и природни засладувачи, кои не само што не штетат на нашето тело, туку влијаат поволно на нашето здравје. Сето тоа надополнето со пробиотик и Ц витамин.

Второто место му припадна на ”Тинтелект“ од средното училиште СЕТУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје чија бизнис идеја нуди трансформативен образовен систем каде што учениците си помагаат едни со други преку размена на знаење, поттикнувајќи заедница на заеднички раст и можности.

Третото место го освои ученичката компанија ”Innovate.it“ од средното училиште СЕТУГС „Михајло Пупин“ од Скопје која работи на решавање на проблемот на милиони патници ширум светот со лесната и едноставна употреба на нивниот производ-  Innoclean.

116 средношколци од 21 училиште од 12 градови од земјава, водени од 25 наставници, кои беа дел од Програмата за ученичка компанија на ЏА Македонија оваа учебна година учествуваа на националниот натпревар од 24-26 април 2024 во Струга. 

Националниот натпревар за најдобри ученички компании е финалниот настан на кој учениците од средни училишта во земјата, заедно со нивните наставници-ментори, ги презентираа своите ученички компании и иновативните производи и услуги на кои работеле во текот на целата учебна година. 

Овој натпревар е дел од Програмата Ученичка компанија, која на учениците им овозможува да бидат вклучени во развојот и менаџирањето на сопствените компании и да управуваат со заработувачката на пари за време на средното образование. 

Посебен интерес за посетителите и случајните минувачи привлекоа поставените штандови на последниот ден од натпреварот за претставување на секоја од ученичките компании пред јавноста. Токму овој  финален дел на натпреварувачите им донесе можност за прва награда и учество на Европскиот натпревар на најдобри ученички компании во Катанија, Италија пред повеќе од 800 директни учесници.

Националниот натпревар е дел од проектот за Поддршка на претприемничко учење во Европа и Евроазија поддржан од УСАИД, а помогнат и од Агенцијата за поддршка на претприемништво на РСМ, GDI Скопје, Бреинстер некст колеџ, Виталиа, Семос едукација, Пролом вода, Сивус едукација и Инфинити.  

Организацијата Џуниор Ачивмент Македонија веќе седма година организира Национален натпревар на најдобри ученички компании. Од 2017 година до денес во програмите за претприемничко образование на Џуниор Ачивмент Македонија се вклучија повеќе од 3.500 ученици. Работата на учениците во голем дел отвора прашања од одредени индустрии, чиј одговор може да го дадат бизнис луѓе кои се експерти во дадената област. За повеќе информации за Џуниор Ачивмент Македонија, посетете ја веб страната и нашиот фејсбук профил.

 

Џуниор Ачивмент Македонија

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Џуниор Ачивмент Македонија

 

Остани поврзан